Поранешниот селектор на Хрватска, Хрвоје Хорват, имаше успешна сезона со тимот на Кадетен Шафхаузен.
Хрватскиот тренер заедно со Кадетен Шафхаузен издоминираа на домашна сцена и ги освоија сите три трофеи.
Швајцарскиот шампион за следната сезона ангажираше три играчи, но има и неколку новитети во стручниот штаб.
Пред извесен период за Кадетен Шафхаузен потпиша тренерот на голмани од машката македонска репрезентација, Нинослав Павелиќ.
Освен Павелиќ, Хорват во Кадетен Шафхаузен ја донесе и Силвија Јуратовац, која работеше како психолог во машката репрезентација на „коцкестите“.
Хорват во интервју за „Вечерњи лист“ истакна дека во својот стручен штаб го посакува и Ивано Балиќ, но најверојатно легендарниот ракометар нема да ја прифати неговата покана.