Гисласон ги одбра најдобрите 17 за настапот на ОИ

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Германија, Алфред Гисласон, го објави конечниот список за настап на Олимписките игри во Париз.

Гисласон за настапот на најголемата спортска манифестација ќе може да смета на најискусниот, голманот Андреас Вулф, кој ќе биде главна алка во составот на „панцирите“.

Германија на Олимписките игри за ривали во групата ги има репрезентациите на Шпанија, Хрватска, Словенија, Шведска и Јапонија.

На минатите ОИ, ракометарите на Германија стигнаа до четвртфинале, во кое беа елиминирани од Египет.

Ракометните натпревари на Олимписките игри ќе стартуваат на 26 јули, додека финалето, како и натпреварот за трето место, се закажани за 10 август.