Ракометарите на Вардар нема да имаат можност да го бранат трофејот во Купот на Македонија.
Вардарци за ривал во полуфиналето го имаа тимот на Кире Лазаров и во неизвесен финиш загубија со 25:24.
Тренерот на Вардар, Владо Недановски, истакна дека во полуфиналниот дуел победила помирната екипа, а имаше и свој коментар на судењето.
,,Кажав претходно дека ова ќе биде тежок натпревар и натпревар за уживање. Ние го победивме Алкалоид на турнирот во Струга, па уште двапати во првенството, но ова беше натпревар за себе. Победи екипата која што беше помирна, кај нас се гледаше нервоза, тешко е да победиш иста екипа по четврти пат во една сезона. Судењето има кој да го коментира, навистина е за коментирање. Ние треба да му дозволиме на ракометот да оди напред, а не некои да решаваат кој ќе победи“, изјави Недановски.
Тимот од Автокоманда во финалето ќе ги одмери силите со Еурофарм Пелистер. Финалниот дуел е закажан за в недела со почеток од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.
Срдановиќ трагичар, Вардар елиминиран во полуфиналето од Купот