Сребрениот медла во освои домаќинот на турнирот Охрид, третопласиран беше тимот на Струга, а четвртото место сезонава го освои Аеродром. Од индивидуалните наградаи две освоија шампионите
Младите ракометари на Алкалоид се победници на Ф4 турнирот во генерацијата 2008 и помлади, откао во финалето го победија домаќинот Охрид, со 22-19 (13-7). Гостите од Скопје на овој турнир покажаа најмногу, и заслужено се прваци. На двата натпревари демонстрираа сила со која ги надиграа своите врсници.
За разлика од полуфиналниот меч против Аеродром, сега во најважниот дуел во финалето тимот предводен од Игор Илиевски уште во првиот дел ги реши дилемите. Предноста што ја имаше бепе јасна најава за тоа кој ќе биде шампион.
До крајот само стана рутински да го одбранат резултатот, и успеаја во тоа. Сезоната ја завршија само со еден пораз, оној од Еурофарм Пелистер во регуларниот дел од сезоната.
Избрани беа и најдобрите на турнирот
МВП – Бобан Поповски
Најдобар голман – Ѓорѓи Николовски
Најдобар стрелец – Петар Николоски
Идеален тим на турнирот
голман – Ѓорѓи Николовски
лево – Стефан Ѓоргиевски
лев бек – Матео Силјаноски
среден бек – Петар Николоски
десен бек – Давид Костовски
десно крило -Бобан Поповски
пивотмен – Андреј Дамчевски