Со комплетирањето на сите натпревари во претпоследното, 5. коло од групната фаза во Лигата на Европа, познати се речиси сите екипи кои обезбедија пласман во главната фаза.
Екипата на Бенфика, во која настапува репрезентативецот на Македонија, Филип Талески, беше поразена од Нант со 38:24 и ги загуби шансите за пласман меѓу најдобрите 16 екипи.
Бенфика на пет одиграни натпревари оствари само една победа и во последното коло на натпреварот со Кристијансад ќе се обиде со триумф да го заврши годинешниот настап во Европа.
Повремениот репрезентативец на Македонија, Бојан Маџовски, заедно со црногорскиот шампион Ловќен во Подгорица беа минимално поразени од Елверум со 27:26.
Сепак, норвешкиот вицепрвак остана без главна фаза, бидејќи неговиот главен ривал, тимот на Кадетен славеше над Фленсбург со 25:24.
Пласман во главната фаза обезбедија и Рајн Некар, Нант, Хановер, Горњик Забже, Савехоф, Нексе, Скјерн, Фленсбург, Спортинг, Војводина, Силкеборг, Фуксе Берлин и Констанца
Лига на Европа, 5. коло, резултати:
Група А
20:45 Рајн Некар – Кристијанштад 36:28
20:45 Бенфика – Нант 34:38
Група Б
18:45 АЕК – Горњик Забже 26:30
18:45 Хановер – Луцерн 30:30
Група Ц
18:45 Винтертур – Горење 32:31
18:45 Савехоф – Куенка 40:27
Група Д
18:45 Скјерн – Нексе 33:30
20:45 Брага – Повашка Бистрица 31:26
Група Е
20:45 Ловќен – Елверум
20:45 Кадетен – Фленсбург 25:24
Група Ф
18:45 Војводина – Алкалоид 34:29
20:45 Ла Риоха – Силкеборг 28:29
Група Г
18:45 Шамбери – Фуксе Берлин 31:36
18:45 Извиѓач – Динамо Букурешт 24:40
Група Х
18:45 Констанца – Татабања 28:25
20:45 Хобри Глогов – Спортинг 22:35