Драма во Вардар: Тренерот во болница на инфузија – 10 играчите со вирус

Пред одигрувањето на дербито во Б групата од домашното првенство со Еурофарм Пелистер, во таборот на Вардар се соочуваат со проблеми кои можат да влијаат на составот со кој „црвено-црните“ би патувале во Битола. Средбата е закажана за в недела од 18 часот, но неизвесно е дали вардарци ќе имаа доволно ракометари способни за играње.

Откако во понеделникот неколку ракометари не настапија на средбата со Голден Арт поради здравствени проблеми и вирус, сега им нов бран вирозани играчи кај поранешниот македонски шампион.
Некои тренинзи неделава на тимот беа одржани со неколкумина играчи, а тренерот Владо Недановски морал да отсуствува бидејќи неколкупати бил во болница за да прими терапија и инфузија поради здравствените проблеми кои се манифестирале со температура, малаксаност, повраќање и диареја.

Ниту неговиот помошник Стојанче Стоилов не останал имун, па и тој пријавил дека има здравствени проблеми слично како и некои негови поранешни соиграчи.
Списокот на заболени во СЦ „Јане Сандански“ сега е зголеман о Томислав Јагуриновски, Гоце Георгиевски, Милан Лазаревски; Матија Николиќ, Дарко Ѓукиќ, Марио Стојановски, Дамјан Николовски и Васил Гогов. Тие ги пропуштиле тренинзите поради истите проблеми како и Недановски и Стоилов.

Во понеделеникот од тимот за дуелот со Голден Арт беа изоставени Стефан Петриќ, Виктор Алонсо, Стефан Атанасовски и Ален Ќосевски, како и Алаксандар Рогановиќ, Рубинчо Србиновски и Тони Богдановски.

Во сабота во Скопје треба да се врати Косуке Јасухира кој во Катар е со репрезентацијата на Јапонија. Клубот се договори со Јапонците да го ослободат за тој важен дуел дуел.
Скопјани прават напори да оспособат барем дел од играчите, но останува неизвесно колку од тие играчи ќе можат да патуваат за Битола. На списокот на повредени е Марко Мишевски.

На првиот меѓусебен меч сезонава меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер одигран на 17 септмеври во Скопја триумфираа вардарци со 30-25. Сега почнува вториот круг натпревари од групната фаза, по што се продолжува со плејофот и плеј аут.
Двете екипи одиграа меѓусебен дуел и во Супер купот, и таму пак триумфираше Вардар, со 30-26.

Вардар во проблеми – вирус го десеткува тимот

Вардар и „десеткуван“ го победи Голден Арт