Една од клучните играчи во младинската репрезентација на Македонија, Александра Коловска, нема да настапи на Европското првенство во Романија.
Кружниот напаѓач на пријателскиот дуел со Романија во рамки на турнирот „Трофеј Карпати“ ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото.
Според проценките, паузата на Коловска би траела околу шест месеци, но сѐ уште се чека официјална потврда за тоа колку ќе отсуствува од терените.
Селекторот Јулијана Дамчевска на позицијата пикер има на располагање уште две ракометарки – Нина Попова и Анастасија Трпеска.
Македонија утре со почеток од 18:45 часот ќе се соочи со Црна Гора, додека в петок е мечот со Данска од 16:30.
Последната средба од групната фаза се игра в недела од 14:15 часот против Чешка.