Откако минатата недела Голден Арт со триумфот над Куманово прв обезбеди место меѓу најдобрите четири младински екипи, вечерва тоа го сторија и Бутел Скопје и Младост Богданци.
Младост на домашен терен ја совлада екипата на Струга со 36-30, откако и на полувреме водеше со 20-16.
Голманот Панов имаше дури 20 одбрани, Чрчев погоди осум пати, додека по седум пати стрелаа Атанасов и Каркалашев.
Бутел Скопје немаше големи проблеми против Тиквеш и славеше на домашен терен со убедливи осум гола разлика, 34-26.
Момците на Дарко Јанев победата ја најавија уште по првото полувреме кога беше 14-9.
Последниот учесник на Ф4 ќе биде познат во среда по дуелот меѓу Мулти Есенс и Пролет, а ждрепката за полуфиналните парови е утре на пладне во РФМ.