Во финалето на женскиот Ф4 во младинска конкуренција ќе играат екипите на Ѓорче Петров и на Вардар. Двете скопски екипи победија во полуфиналните средби и закажаа „градско финале“.
на Ф4 турнирот играа само тимови од Скопје. Домаќин на завршниот турнир е тимот на Ѓорче Петров. Тие во второто полуфинале со 36-28 (18-15) го победија Шампион. Целосниот отпор на „гостинките“ беше скршен во второто полувреме кога беше направена и разликата што им донесе жинале на „лавиците“.
Претходно вардарки на сличен начин триумфираа против Металург. „Црвено-црните“ со 36-15 (17-10) триумфираа против градскиот ривал.
Утре од 19,30 часот е финалето, а од 17 часот се игра мечот за трето место.