Десното крило на репрезентацијата на Холандија, Деби Бонт најави дека ќе се повлече од националниот дрес на ,,лалињата”.
Искусната ракометарка, која моментално настапува за Мец, со репрезентацијата на Холандија на Мундијалот во 2019 година го освои златниот медал.
За репрезентацијата на Холандија одигра 216 меѓународни натпревари и постигна 425 погодоци.
Холанѓанката со својата репрезентација освои медали и на Мундијалите во 2015 и 2017 година, како и на европските првенства во 2016 и 2018 година.
Европското првенство 2022, на кое Македонија заедно со Словенија и Црна Гора беа ко-организатори на континенталниот собир, беше последното големо натпреварување за актуелната ракометарка од Мец.