Минута молк во чест на прерано згаснатиот живот на ракометниот тренер Андон Бошковски и првиот селектор на Македонија Славе Атанасквоски-Чаве ја заменија почетната свирка на судија денеска во спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Пред почетокот на ракометниот натпревар меѓу Македонија и Луксембург во рамките на квалификацискиот циклус за Европското првенство 2024, македонските репрезентативци, федерацијата, ракометните работници и публиката им оддаде почит за сето она што популарните Доне и Чаве го дадоа за ракометот во Македонија.
Македонскиот ракомет завиен во црно – почина Андон Бошковски
Македонскиот ракомет завиен во црно – почина првиот селектор Славе Атанасовски