Ракометарите на Аеродром имаа добро издание на гостувањето кај Драчево и славеа сигурна победа од 21:30 во 7. коло од плеј-офот во Првата лига.
Драчево пружи силен отпор во првото полувреме, екипите го менуваа водството и најчесто беше еден или два разлика. До крајот на првите 30 минути сепак гостите обезбедија предност од 12:13.
Во продолжението тимот на Аеродром имаше целосна контрола на резултатот, а голема помош доби од голманите кои бранеа одлично Марко Богдановски имаше 15 одбрани, а Мартин Павличковски за десетина минути забележа шест одбрани. На крајот Аеродром стигна до нова убадлива победа.
Најефикасен во тимот на Драчево беше Димитар Петковски со девет гола, а по четири постигнаа Андовски и Димовски. Во тимот на Аеродром најпрецизен беше Бојан Николовски со девет погодоци, шест постигна Давид Олтовски.
Аеродром сега има 23 бода и се наоѓа на петтото место на табелата, последно што води во елитната конкуренција следната сезона.