Шампион не дозволи изненадување, сигурна победа против Кузман Вардар

Ракометарките на Шампион ја оправдаа фаворитската улога во рамките од плеј-аутот против последнопласираниот тим на табелата Кузман Вардар и во Автокоманда славеа со 30:27.

Победникот на овој натпревар беше решен во почетните минути кога домаќинот ја направи клучната разлика и во продолжение само ја одржуваше предноста. По почетните 2:0 до кои Шампион дојде со головите на Мила Филипова и Нина Неделковска, гостите го постигнаа првиот гол преку Мартина Стефановска, дури во осмата минута. Потоа следуваше серија од 8:0 со која домашните ракометарки направија висока предност (9:1).

Не се промени многу до крајот на првиот дел ракометарките на Кузман Вардар започнаа да реализираат, меѓутоа недостасуваше добра одбрана, па така на паузата Шампион водеше со 14:7.

Таа добра игра од втората половина на првото полувреме гостите ја пренесоа и во вториот дел во кој со неколку мини-серии резултатски полека се враќаа во игра. Така во 43. минута успеаа да намалат на „минус 3“ (20:17). Тогаш следуваше тајм-аут во редовите на Шампион.

По тој тајм-аут работите повторно се свртија во корист на Шампион. Тие три гола разлика останаа и најблиску што успеаа да дојдат гостите по стекната предност на домаќините. Шампион успешно го приведе натпреварот кон крајот и славеше со три  гола разлика.

Најефикасна во редовите на Шампион беше Мила Филипова со десет постигнати гола, на спротивната страна исто толку постигна Анастасија Ѓорѓиева.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ШАМПИОН1071222
2ГЕВГЕЛИЈА1050515
3СПАРТАК92167