понеделник, ноември 25, 2024

Легенди: Манасков, Ангелов и Штербик покрај теренот во „Јане“ (ВИДЕО)

Македонскиот првак и Веспрем во осминафиналето на ЛШ ќе ги одмерат силите во реприза на легендарните дуели на овие два тима. Натпревар на два противника кои немаат што да сокријат, а ривалството на Унгарците и Македонците сигурно ќе допринесе за квалитетен дуел кој ќе ја задоволи скопската, но и македонската публика. Многу легендарни имиња поминале низ соблекувалните на двата клуба, а голем дел од нив ја нарекувале домашна и „Јане Сандански“ и Веспрем Арената. Меѓу нив актуелниот ракометар на Веспрем и македонски репрезентативец Дејан Манасков, како и двоецот кој го бранеше голот на шампионскиот Вардар од 2017 година, Арпад Штербик и Петар Ангелов. Покрај аут линијата ќе навиваат за ракомет, за својот фаворит, за спортот. Убава увертира, евоцирање спомени и по некоја прогноза за она што ги очекува овие два ракометни великани во следните два дуела...