Европската ракометна федерација ги објави шеширите пред ждрепката за младинското ЕП во машка кокуренција.
Таа ќе се одржи на 18 февруари со почеток во 12:00 часот во португалскиот град Гондомар, каде што на лето ќе се игра ЕП.
Најдобрите 16 репрезентации ќе се натпреваруваат во четири групи од 7 до 17 јули, а во првиот шешир ќе бидат Германија, Хрватска, Шпанија и Словенија.
Во последниот покрај Србија, се победниците од ЕХФ шампионатите минатото лето – Црна Гора, Фарски Острови и Полска која го освои шампионатот во Скопје.
Ждрепка, младинско ЕП:
шешир 1: Германија, Хрватска, Шпанија, Словенија
шешир 2: Данска, Португалија, Шведска, Исланд
шешир 3: Унгарија, Франција, Норвешка, Италија
шешир 4: Србија, Фарски Острови, Полска, Црна Гора
Македонија ќе игра на ЕХФ шампионатите и во кадетска и во младинска конкуренција, а ривалите ќе ги дознае на 24 февруари.
Кадетите и младинците на 24 февруари ги дознаваат ривалите за ЕХФ шампионатите