Тимот на Прилеп продолжува со формирање на ростерот за следната сезона во која ќе има зголемени амбиции.
Откако Реваз Чантурија и Давор Шокоски ги продолжија договорите, следен на листата е левото крило Христи Бикоски.
Левокрилниот ракометар, кој беше меѓу најдобрите стрелци, потпиша нов договор на една сезона и ќе му остане верен на тимот предводен од Горан Кузманоски.
Претходно, Прилеп ги засили редовите со левиот бек на Бутел Скопје, Христијан Милошески.