На крајот на сезоната белорускиот првак Мешков Брест ќе се раздели од актуелниот тренер Раул Алонсо.
Шпанецот оди во Германија да биде спортски директор на Ерланген, а на негово место нема да дојде Урош Зорман, туку друг шпански статег.
Станува збор за 39-годишниот Даниел Гардо, кој ја започна тренерската кариера уште на 22 години. Работеше во младинските тимови на Адемар Леон, а во истиот тим му беше помошник на Маноло Каденас во сезоната 2012/13.
Потоа три сезони беше прв тренер на Адемар, а во 2016 замина на Фарски Острови, каде го водеше првакот Торшавн.
Од 2018 година е тренер на шпанскиот тим Нава, со кој лани обезбеди место во Асобал лигата, а ја водеше и селекцијата на Бразил на СП во Египет.