Селекторот Кирил Лазаров најавува дека на ЕП треба да добиеме млада и полетна Македонија и тој веќе работи на планот.
Најави активности на Б репрезентација летово за да се добијат уште три- четири млади играчи во пресрет на континенталниот собир.
„Мораме да го прошириме ростерот за она што следува. Големи натпреварувања без квалитетен ростер е невозмозна мисија. Тоа е тежок и долг процес, но ќе направиме се за да во забрзаме иако вистината и моменталната ситуација е таа која ни е добро позната на сите. За А репрезентацијата ќе се обидеме да организираме пријателски натпревари со врвни репрезентации за да видиме со каде сме. Не сакам да играм пријателски натпревари со слаби противници за да го билдам своето тренерско си-ви со победи. Поразот ќе не направи подобра репрезентација, а и мене подобар тренер.“
Целото интервју со Лазаров прочитајте го во продолжение….
ИНТЕРВЈУ КИРИЛ ЛАЗАРОВ: Селекторскиот предизвик дојде порано, но не сум плашливец!