Македонската судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски добија нова задача на Мундијалот во Египет.
Тие се делегирани од ИХФ да ја делат правдата на четвртфиналниот натпревар меѓу европскиот првак Шпанија и Норвешка.
Делегат на оваа средба што започнува од 20:30 часот, ќе биде Стела Вартањан од Русија.
Драган Начевски ќе биде дел од официјалните лица на дуелот меѓу Ангола и Мароко од Президент Купот, како и на четвртфиналето меѓу Франција и Унгарија.