На третиот ден од струшкиот турнир, ќе гледаме три натпревари на кои има изразит фаворит.
Металург, Еурофарм Пелистер и Вардар се големи фаворити пред стартот на дуелите, па јасно е дека се наоѓаат пред нови победи.
Домаќинот Струга ќе игра со Металург во терминот од 17:15 часот, а судии на овој дуел се Методија и Михајло Илиевски, додека делегат е Душко Камишевски.
Од 19:15 часот ќе играат Еурофарм Пелистер и Прилеп, а правдата на оваа средба ќе ја делат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, додека делегат е Камер Металари.
Исмаил Металари и Ненад Николовски ќе бидат арбитрите на натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер 2 од 21:15 часот, а делегат ќе биде Славчо Каланоски.