Ситуацијата со коронавирусот го принуди организаторот на Струшкиот турнир да не дозволи публика на трибините.
Иако секогаш тие биле полни, сепак годинава поради протоколите во време на пандемијата, натпреварите се играа пред празни трибини.
Тоа не ги спречи стружани, кои се гладни за ракомет, околу оградите на игралиштето „Горан Попоски Бабец“ со маски да ги следат натпреварите.
На првиот натпревар меѓу Струга и Прилеп се појавија и навивачите на домашниот тим „Паткари“, кои имаа свое шуо.