Капитенот на Барселона, Виктор Томас, со солзи во очите откри дека поради проблеми со срцето мора предвреме да стави крај на својата фантастична кариера.
Десното крило оствари големи успеси на клупско и репрезентативно ниво, но по препорака на лекарите, донесе одлука да се повлече од професионалното играње ракомет на крајот на оваа сезона.
Капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров, кој три години му беше соиграч на Томас во Барса, му испрати емотивна порака.
„Беше чест да се дели соблекувалната со толку борбен и квалитетен играч, но пред се, со толку добра личност. Вистинска штета е што го оставаш ракометот, но треба да бидеш презадоволен и горд на тоа што го оствари. Ти посакувам многу среќа од срце во преостанатиот дел од животот. Остануваме пријатели засекогаш“, напиша Кире.