Тимот на Преепа оствари убедлива победа над Текстилец од Штип со 32-22 во 7 коло од плеј-аут во прволигашката конкуренција.
Домашните отворија со предност од 4-0, па 10-3 и веќе беше јасно каков тек ќе има овој натпревар. Сепак гостите не се откажуваа и не штедеа никој во дефанзива, па често играа со ракометар помалку. Слично беше и во редовите на Преспа, па судиите покажаа дури 17 исклучувања на овој меч.
До паузата ресенци ја задржаа предноста за плус седум, 16-9. Беше 19-10 на стартот на вториот дел, а Јовановски и Димитриев од штипскиот тим поради трето исклучување добија црвени картони и мораа на трибини.
Се скрати и така малата ротација на Текстилец, па домашните немаа поголеми проблеми да ја задржат високата предност и да прослават убедлив триумф на крајот.
Најдобар стрелец во редовите на Преспа беше Андреј Божиновски со осум гола, додека седум пати стрелаше Били Мишевски. Кај Текстилец се истакна Александар Димитров со осум гола.