Најмладите ракометари на Вардар, пионерската екипа која ќе разигрува за пласман на Ф4 турнирот ги изненади кадетките на Вардар кои пред неколку дена станаа шампионки на Македонија, честитајќи им ја освоената титула.
Двете генерации тренираат во салата во ОУ „Круме Кепески“ во Скопје, а откако заврши тренингот на кадетските и тргнаа кон соблекувалната стигна изнадувањето.
Наеднаш пионерите направија шпалир, и со силен аплауз ги испратија кадетските од терен, истовремено честитајќи им го освоеното прво место на Ф4 турнирот. Стигнаа честитиките и од тренерот Иван Никчевиќ, а ист успех му посака и Даниела Новеска која е тренер на кадетките.
Кадетките на ЖРК Вардар на Ф4 турнирот во финалето беа поуспешно од ЖРК Стружанка победувајчќи со 32:17.
Пионерите викендот ги играат првите четвртфинални мечеви за пласман на Ф4 турнирот, а Вардар прво гостува кај Мулти Есенс.