Селекцијата на Грузија ја забележа првата, историска победа, во деби настапот на Европското првенство.
Избраниците на Тите Каланадзе, поранешен играч на Вардар, ја победија Босна и Херцеговина со 22-19.
На овој натпревар за МВП беше прогласен за екс голманот на Прилеп и Охрид, Зураб Цинцадзе, кој сега брани за полскиот Азоти Пулави.
Грузијците ја прославија победата како да освоиле злато, но ова е сосема разбирливо бидејќи го имаа деби настапот на континенталните собири.
За Грузија настапуваат многу играчи што биле дел од македонската Супер лига, а во моментов еден од нив е левиот бек на Охрид, Теимураз Орјоникидзе.
Оваа победа значи трето место во групата, и многу веројатно прв шешир пред ждрепката за СП 2025 година.