Љубомир Савевски не е повеќе селектор на Македонија!

Тоа што го најави 24Ракомет пред подолго време, денеска доби своја официјализација – Љубомир Савевски не е повеќе селектор на женската репрезентација на Македонија.

Ракометната федерација на Македонија ја соопшти оваа одлука на официјалниот веб-сајт.

„Ракометната Федерација на Македонија ја известува јавноста дека македонската куќа на ракометот и Љубомир Савевски, на 05 мај 2023 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на женските македонски ракометни категории. Љубомир Савевски ја извршуваше наведената функција во период јуни 2021 – мај 2023 година.“, се вели во соопштението.

Савевски беше селектор на Македонија од јуни 2021 до мај 2023 година, а со сениорската репрезентација редеше само порази на сите официјални натпревари.

Дамите имаа 11 порази со Савевски на клупата на сите официјални натпревари, додека имаше и шест порази на пријателските натпревари со сениорската репрезентација.