Ракометарите на Јуниор Кисела вода го најавија својот настап во плеј-оф групата од Првата машка лига со нова победа, а на стартот на пролетниот дел тоа беше направено против Текстилец со убедливи 37:19.
Без поголеми проблеми Јуниор славеше над противникот кој немаше многу шанси. Во текот на целата средба домашните беа во предност. Поведоа од првиот напад и постојано ја зголемуваа разликата. Во ниту еден момент не дозволија да имаат проблеми така што лесно се снаоѓаа.
Уште на полувреме предноста беше двоцифрена, а тимот на Јуниор Кисела вода имаше 20:10 така што второто полувреме беше формалност. Домашните одработија одлично и потврдија дека местото им е во плеј-офот.
ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА – ТЕКСТИЛЕЦ 37:19 (20:10)
Сала: ОУ „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола. Делегат: Митко Ѓорѓиевски од Скопје.
ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА: Петковски, Затараковски, Осман 4, Благопетров 4, Дабевски 1, Манев 2, Чапов, Трајковски 2, Јаховиќ 2, Јордановски 1, Крстов 1, Трајчевски 4, Тодоров 1, Крстевски 4, Ролевски 3, Димовски 8.
Седмерци: 4/5, Исклучувања: 12 мин.
ТЕКСТИЛЕЦ: Миланов, Атанасов, Петров 1, Ристов 3, Јовановски 2, Јованов, Гогов 6, Арсов 4, Митрев 3, Лазаров, Кипријановски, Стојменов, Трајчев.
Седмерци: 1/1, Исклучувања: 12 мин.