Јубилеј на Марсениќ – 100 натпревари во дресот на Србија!

Екс ракометарот на Вардар, Мијајло Марсениќ, кој моментално настапува во Бундес лигата, поточно во екипата на Фуксе Берлин, заедно со својата репрезентација за настапите на Светското првенство одлучија да тестираат против Шведска.

Пријателскиот натпревар против актелниот европски и светски вицешамион, на кој Србија беше поразена со 35:34, ќе остане во најдобро сеќавање за Мијајло Марсениќ, кој го одигра 100-от натпревар во дресот на српската репрезентација.

Марсениќ деби настапот во српската репрезентација го имаше во 2012 година на пријателски натпревар против Германија. Искусниот кружен напаѓач со репрезентацијата на Србија настапи на Мундијалите во 2013 и 2019 година, како и на Европското првенство во 2016, 2018, 2020 и 2022.

Статистички гледано, во Бундес лигата настапува во животна форма, додека за Србија отсекогаш бил еден од најдобрите, од кадетската репрезентација до секој натпревар во сениорската репрезентација.

Србија на Мундијалот во Полска и Шведска ќе настапува во група со репрезентациите на Германија, Катар и Алжир. Најдобрите три репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во следната фаза од натпреварувањето.

.