Ракометарите на Јехона пред домашната публика ја совладаа екипата на Преспа со 33:32 (17:16) во натпревар од 6. коло од прволигашкиот плеј-аут.
Натпреварот мина во голема неизвесност, посебно во првото полувреме, во кое двете екипи наизменично се менуваа во водство.
Јехона на полувреме замина со предност од 17:16, во продолжението дојде во неколку наврати водеше со четири до пет гола разлика, но гостинскиот тим од Ресен успеа во финишот да се доближи на гол негатива.
Сепак, домашната екипа не дозволи Преспа да се избори за бод и со погодоците на Илиески и Марковиќ обезбеди победа, која нема никакво резултатско значење.
Најефикасен во домашната екипа беше Виктор Марковиќ со седум погодоци, по шест постигнаа Филип Илиески и Михајло Живковски.
Кај Преспа, која на денешниот дуел настапи со речиси една постава, се истакна Филип Шиклевски со десет погодоци.