Екипата на Бутел со пораз си заминува од Охрид. Во дерби натпреварот од осмото коло од Супер лигата, охриѓани беа подобри со 28:25.
Според кружниот напаѓач на бутелчани, Владимир Јевтиќ, слично како и на натпреварите со Алкалоид и Апла Хард, дозволиле сами себе да се победат на крајот.
„Премногу технички грешки направивме, си даваме себе луксуз што не можеме да си го дозволиме. Не можам сега да се сетам, но сигурно 15 технички грешки имавме, со што им дадовме чисти топки за контра. Во првото полувреме го разбранивме голманот на домашната екипа, примивме некои лесни голови, а повторно не даваме лесни голови. Им честитам на ракометарите на Охрид, по мое мислење денеска беа подобри и заслужено победија“, изјави Јевтиќ.
Бутел после поразот е четврти на табелата, а во следното коло дома го пречекува лидерот на табелата во А групата, Вардар, кој и понатака е непоразен и со максимален учинок после осум кола.
Ончев: Со храбра и пожртвувана игра се боревме до крај, Озтурк: Ова беше перфектна вечер за нас