Тимот на Тор Акурејри, каде што игра Томислав Јагуриновски, а тренер е Стевче Алушовски, забележа уште две победи во Втората лига на Исланд.
На мечот против Селфос, Тор славеше на домашен терен со 33-29, а десниот бек од Македонија постигна четири гола и подели две асистенции.
На дуелот против Фјолнир, тимот на Јагуриновски и Алушовски победи со 23-21, а десниот бек даде два гола.
Сега Тор Акурејри има 27 бодови од 17 одиграни меча што е доволно за четвртото место, а Хордур кој е лидер има 30 бода, но од 18 меча.
До крајот на регуларниот дел, Тор треба да одигра уште три меча на 2,3 и 8 април, сите на гости кај Хордур, Валур и Хаукар.