Ѓер доби директно место во ЛШ, уште десет екипи се пријавија за вајлд-карта

Европската ракометна федерација денеска ги објави екипите што имаат директно место во ЛШ и оние што бараат вајлд-карта.

Десет екипи имаат загарантирано место, додека уште десет ќе се „борат“ за преостанатите шест места во елитната конкуренција.

Унгарскиот Ѓер, кој имаше сезона за заборав на домашна и меѓународна сцена, сепак доби директно место во ЛШ, како второпласирана екипа од Унгарија, земја што има највисок рејтинг во Лигата на Европа.

Директно место има и за ЦСКА Москва на Сара Ристовска, додека Ростов Дон, Баја Маре, Крим, Кастамону, Мец…се дел од екипите што бараат „апгрејд“.

ЕХФ ќе ги објави конечните листи на учесници во ЛШ на 28 јуни, додека ждрепката е на 2 јули.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EHF Champions League (@ehfcl)