Што ги чека репрезентативците во Каиро – брз тест во аеродромскиот автобус, па два теста во хотел, па изолација….

Македонската делегација денеска во 16:30 часот ќе отпатува во Каиро и ќе биде дел од Светското првенство по седми пат во историјата.

Светската ракометна федерација и домаќинот Египет се трудат максимално да биде се во најдобар ред и првенството да помине без нови позитивни случаи, иако тоа тешко ќе се спречи кај 32 селекции што доаѓаат од разни страни на светот.

По слетувањето во Каиро, уште во аеродромскиот автобус ќе биде направен првиот брз тест на коронавирус, по кој ако се биде во ред ќе биде дозволено репрезентативците и делегацијата да се упатат кон хотелот.

Потоа таму ќе следуваат уште два ПЦР теста, од кои резултатите ќе се чекаат подолго време и сите членови ќе мора да останат изолирани во своите соби веројатно до утрото на 14 јануари, а храна ќе добиваат пред своите соби.

Не е познато дали избраниците на Брестовац ќе имаат шанса да одржат утрински тренинг, а веќе вечерта од 20:30 часот ќе го одиграат првиот дуел на СП против селекцијата на Шведска.

Во нашата група се уште домаќинот Египет и Чиле.