Шпанија и Германија си „одиграа“ како што им одговара и ја пратија Полска дома!

Селекцијата на Шпанија им се придружи на Црна Гора и Германија во главната рунда на Европското првенство и ќе допатува во Скопје, откако славеше над бундес тимот со 23-21.

Уште од стартот на мечот контролата ја имаше „фуријата“ и имаше предност од еден или два гола разлика, а на пауза водеше со 11-10.

Во финишот на мечот двете екипи калкулираа, бидејќи ако победеа со три или повеќе голови, Шпанките ќе ја повлечеа и Полска во главната рунда, а тоа не им одговараше со оглед на тоа што загубија од нив во првото коло.

Со триумфот од два гола, Шпанија ем обезбеди главна рунда, ем ќе пренесе два бода во групата што ќе се игра во Скопје.