Шоштариќ лут: Тој „експерт“ кажа дека имаме 1% шанса за победа и сега најде да зборува за нашите девојки!

Хрватска го оствари најголемиот успех во женскиот ракомет со освојувањето на бронзениот на Европското првенство во Данска после победата над домаќинот со 25:19.

Селекторот на репрезентацијата Ненад Шоштариќ по победата беше многу задоволен од своите ракометарки, но на еден човек му беше посебно лут и имаше што да му каже, а тоа е селекторот на Данска, Јеспер Јенсен.

„Што да каже човек после ова, одигравме одлична одбрана и паметно во нападот. Бевме особено мотивирани заради данскиот селектор кој како „експерт“ рече дека имаме еден процент шанси за победа. Што се однесува на тоа колку тој е експерт и неговото тренерско знаење, тој е слектор пет години и не успеа да се пласира на Олимпијада и освои четврто место на ЕП и тој се реши да ја коментира нашата репрезентација и хрватскиот ракомет“, рече Шоштариќ.

Хрватска одигра фантастично Европско првенство од почеток до крај и повеќе од заслужено стигна до брознениот медал со кој испиша историја во женскиот ракомет на својата земја.

Нов голем ден за Хрватките, ја замолкнаа Данска и се враќаат дома со бронза

Да се поклониме пред Хрватска: Бајката во Данска обоена со бронза! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Додека домаќинките плачеа, ечеше песна од хрватската соблекувална (ВИДЕО)

Мичијевиќ: Поздрав до сите Данци, ве љубат кралиците на шокот!

Скандалозна изјава на данскиот селектор: Ова беше смешно, како да игравме на Балканот пред 20 години!

„Нема екипа која е полуда од нас“