Швеѓаните среќни: Очекувавме да се помачиме повеќе со Македонија

Шведска стартуваше со убедлив триумф над Македонија со 32-20 во првото коло од Светското првенство во Египет.

Линус Персон, кој постигна шест погодоци против нашата селекција вели дека очекувале посилен отпор.

„Нервозно го започнавме мечот, но брзо се вративме во игра и работите одлично се одвиваа за нас. Ова не беше вистински тест за нас. Очекувавме далеку поголем отпор од Македонија. Во секој случај, пресреќни сме што почнавме со убедлива победа“, вели Персон.

Во второто коло Шведска ќе игра против Чиле, додека Македонија ќе има тешка задача против домаќинот Египет.