ЧСМ Букурешт се разбуди, станува опасно за противниците

Екипата на ЧСМ Букурешт дојде до важни бодови на дуелот против ФТЦ Раил Карго од Унгарија после победата од 27:24 така што се избори за триумф со кој ќе биде во трка за добар пласман пред четврт-финалните пресметки во кои веќе го обезбеди местото.

Тимот од Романија имаше одличен натпревар во кој уште на крајот од првото полувреме успеа да реши сè, кога имаше 16:13. Иако беше само три разлика според играта можеше да се заклучи дека гостинките тешко ќе можат да се снајдат на теренот. Оттаму во продолжението домашните имаа контрола и беше само прашање со која разлика ќе финишира овој дуел.

Победата од три гола донесоа два бода за ЧСМ Букурешт, а оваа победа дојде после одличните партии на Неагу, Цвијиќ и Лекиќ. Најдобрата Романка постигна осум гола, додека поранешните вардарки беа веднаш зад неа. Цвијиќ реализираше седумпати, додека Лекиќ четирипати погоди во голот на гостинките од Унгарија.

За тимот на ФТЦ Раил Карго седумпати погодуваше Викторија Лукач.