Романскиот првак ЧСМ Букурешт по слабата партија во домашниот шампионат против Баја Маре, се врати на победничките патеки и победи на гости кај норвешкиот Кристијансанд со 23-25.
Иако Неагу беше најефикасна со 14 погодоци, сепак голем дел од погодоците ги дадоа поранешни ракометарки на Вардар. Андреа Лекиќ и Итана Грбиќ дадоа по три погодоци, а Драгана Цвијиќ беше стрелец на два.
Будуќност, пак, предводен од уште една поранешна вардарка, Јованка Радичевиќ, славеше со 30-28 против словенечки Крим. За домашниот тим Радичевиќ даде десет голови, а исто така екс членката на „црвено-црните“, Барбара Лазовиќ постигна седум. Кај Крим, Тамара Мавсар беше стрелец на четири голови.
Ѓер предводен од Вероника Кристијансен со осум и Едуарда Аморим Талеска со пет голови ја победи Валчеа со 20-29, додека рускиот Ростов Дон славеше на гости кај Ференцварош со 31-35.