Еурофарм Пелистер стигна до убедлив триумф над грчкиот шампион АЕК Атина со 30-19 и на моќен начин обезбеди место во осминафиналето на Лигата на Европа.
Исполнетите трибини уште од стартот како да им ги „отсекоа“ нозете на гостинските ракометари, па веќе на стартот на вториот дел натпреварот беше решен.
„Чкембари“ навиваа за чиста десетка во текот на целиот натпревар – им го честитаа празникот на нивните сограѓанки, ја испееја македонската химна во еден глас…
Со вакви навивачи, ниту четвртфиналето во Лигата на Европа нема да биде далечно за Еурофарм Пелистер.
Натпреварите против Нексе се играат на 29 март во Нашице и на 5 април во Битола.