Тимот на Еурофарм Пелистер во финишот на регуларниот дел од сезоната во Суперлигата се засили со десен бек.
Станува збор за кадетскиот репрезентативец на Црна Гора, Мерис Бошњак, кој освен десната бековска, може да ја покрие и крилната позиција.
Бошњак играше за Прв Ас и Морнар Бар во црногорскиот шампионат, а има интернационално искуство во словенечката Добова.
Тренерот Александар Јовиќ веќе ги има на располагање Павле Петровиќ и Андре Буторац, како и Димитриј Блажевски и Ненад Белистојаноски на таа страна, а со ангажманот на Бошњак добива уште една опција.
Еурофарм Пелисте 2 трета сезона по ред обезбеди место во суперлигашкиот плеј-оф и напролет ќе разигрува за титулата и места во европските купови.