Ракометарките на Вардар во финалето од Купот на Македонија беа поразени од Куманово со 32:31.
Откако во вчерашното полуфинале против Ѓорче Петров направија изненадување и го елиминираа старо-новиот шампион на Македонија, денес ,,црвено-црните” иако беа во игра до последните секунди, сепак, немаа доволно сили за да дојдат до посакуваната цел.
Тренерот на Вардар, Александар Царчев, како клучен фактор за поразот го истакна заморот кај неговите ракометарки, кои во полуфиналето против Ѓорче Петров целосно се потрошија, додека Куманово го скокна полуфиналето, откако Металург се откажа од настап на Ф4.
,,Ова беше тежок натпревар за нас, но најпрво ќе нагласам дека нефер е тоа што го направија од Ракометната федерација на Македонија (РФМ) да играме вчера од 20:00 часот, а денеска во 15:00 часот. Девојките беа уморни, значи термините треба да бидат исто како и кај мажите, финалето да се игра ден подоцна. Како второ, секогаш судењето треба да биде фер, не сакам да навлегувам во нивните критериуми, но ги имаше грешките од нивна страна. Ракометарките се бореа храбро, но се виде дека заморот си го направи своето. Денеска, за жал поради заморот, имавме многу промашувања, особено во првиот дел, губевме на полувреме со три разлика, а требаше да водиме ние, но многу промашивме. Имавме шест промашени зицери, а за од надворешната линија да не зборувам, ги имаше многу. Ростерот беше тенок, тие два играчи кои не беа во составот (Магдалена Тошеска и Наталија Максимовска), со нив ќе имав поголема ротација, со само два бека не можеш да добиеш меч. Им честитам на Куманово, си одиграа како што треба, беа свежи, одмараа вчера, денес излегоа на терен и заслужено триумфираа”, изјави Царчев.
Граматова е херој, Куманово ја доби драмата со Вардар за Куп трофеј
Две индивидуални признанија за Алмеида, Илиќ најдобар голман на Ф4!