Хрватска ја задржа теоријата за четвртфинале, Норвешка рутински со Катар

Селекцијата на Хрватска славеше убедливо против Белгија со 34:26 (21:13) и остана теоретски во игра за пласман во четвртфиналето на Светското првенство 2023.

Избраниците на Хрвоје Хорват во текот на сите 60 минути ја диктираа играта на теренот и не дозволија опуштање во своите редови.

Најефикасен во репрезентацијата на Хрватска беше Марин Јелениќ со шест погодоци, додека по пет гола постигнаа Иван Мартиновиќ и Филип Главаш.

Во последното, трето коло, од групната фаза ,,коцкестите” ќе играат против репрезентацијата на Бахреин.

Норвешка немаше никакви проблеми против Катар, запиша рутинска победа од 30:27. Победникот беше решен уште по првото полувреме, кое заврши во корист за Сагосен и колегите од 14:9

Скандинавската селекција веќе со една нога се наоѓа во четвртфиналето. Норвежаните во последното коло од групната фаза ќе играат против Германија.