Селекторот на репрезентацијата на Хрватска, Хрвоје Хорват ги одбра ракометарите со кои ќе ги започне подготовките за претстојното Европско првенство во Словачка и Унгарија.
На списокот се најдоа 20 ракометари, а на почетокот на подготовките селекторот ќе ги нема на располагање ракометарите кои настапуваат во Бундес лигата каде што ќе се играат првенствени натпревари до крај на годината.
Во составот на Хрвоје Хорват се најдоа тројца ракометари кои настапуваат во првенството на Македонија, Анте Гаџа од Вардар и Јосип Божиќ Павлетиќ и Матео Мараш од екипата на Еурофарм Пелистер.
Конечниот список на патници за ЕП ќе биде познат на 2 јануари, а Хрватска пред континенталниот собир ќе одигра три пријателски средби – со Словенија на 29 декември, со Русија и Босна и Херцеговина, на 5 односно 7 јануари.