ХЕРОЈ НА ДЕНОТ: Филип Талески – со десетка ја „поздрави“ Романија (ВИДЕО)

Македонија славеше против Романија со 30-22 во првиот натпревар од првиот бараж за место на Мундијалот во Полска и Шведска. Сите репрезентативци одиграа одличен натпревар, но Филип Талески беше лидерот на терен. Тој постигна десет погодоци и сигурно романските голмани ќе имаат кошмари од ударите на македонскиот лев бек, кој блесна во сиот свој сјај. Погледнете ги сите негови погодоци....