По вчерашниот триумф над тимот на Татабања, ракометарите на Еурофарм Пелистер забележаа уште една победа над унгарскиот тим, овојпат со 21-24 и ги зголемија шансите за место во осминафиналето на Лигата на Европа.
Татабања отвори со водство од 5-1, битолчани останаа без повредениот Кушан, а унгарскиот тим ја одржуваше разликата од четири погодоци до средината на полувремето.
Мандалиниќ успеа да намали на 8-6, а на пет минути до крајот од пенал хрватскиот интернационалец донесе и минус еден негатива, 9-8, но многуте грешки во нападот и одбраните на Ласло Бартуч беа причина за нова негатива, 11-9.
По десетина минути игра во вториот дел, битолчани стигнаа до израмнување, 14-14, а потоа се играше гол за гол. Хендави беше одличен на голот на Еурофарм Пелистер, но исто така и Бартуч на спротивната страна.
По три исклучувања во 50. минута, гостинскиот пикер Сипос заработи црвен картон, а веќе во следната акција, битолчани за првпат стигнаа до предност на овој меч со голот на Мандалиниќ, 19-20.
Хендави продолжи со одбраните, ги запре Анчин и Ѓери, а на спротивната страна Периќ и Мараш погодија за 20-22 на две минути до крајот. Беше и 20-23 за битолчани, па до крајот само рутински беше одржана предноста за конечни 21-24.
Проблеми за битолчани – сериозна повреда за Кушан, на носилки изнесен од теренот!
„ЕР СТРУГА“ полета во Битола – атракција на Ојлески и Костески (ВИДЕО)
Бабиќ: Хендави беше одличен во клучни моменти, победата му ја посветуваме на Кушан
Мараш: Тешко е да се игра два европски меча во 24 часа, ама покажавме дека можеме