Очигледно дека во Алжир, организаторите на Медитеранските игри имаат големи проблеми на првиот ден кога треба да стартува ракометниот турнир во машка конкуренција.
Утринскиот натпревар меѓу Словенија и Србија, кој требаше да стартува во 11:00 часот, беше одложен за 14:00, а сега уште еднаш е поместен за 15:00 часот.
Она што нас не засега е што натпреварот меѓу Македонија и јужниот сосед ќе започне исто така со задоцнување но само од еден час, па ќе стартува од 21:00 часот, наместо во предвидениот термин од 20:00 часот.
Организаторите не ја откриваат причината за менувањето на термините во 5 до 12. Ова е нова промена на термини и саатници, откако според првичниот најавен распоред по ждрепката, натпреварите требаше да почнат утре.