Хавиер Сабате за 24ракомет: За мене Македонија е фаворит во овој двомеч (Видео)

Македонската репрезентација вечерва од 20,15 часот го игра првиот квалификациски натпреварот против Чешка во Злин за пласман на СП 2023. Чесите имаат амбиција да ја продолжат низата од настапи на големите натпреварувања, и истовремено да ја прекинат традицијата против Македонија. Нашите ракометари во последните три квалификациите секогаш ја елиминирале Чешка.

Шпанецот Хавиер Сабате кој е тренер на Висла Плоцк во Полска, е првиот странец селектор во историјата на Чешка и за него ова секако се важни два натпревари. Шпанскиот стратег не ја потценува Македонија и истакна дека ние сме навистина добар тим. Со Сабате разговаравме на денот на натпреварот.

„Ќе играме против многу добар тим како што е Македонија, не знам што ќе се случува, но ние сакаме да се пласираме на Светското првенство. Пласманот е многу важен за нашата иднина, посебно за младите играчи кои така би добиле поголемо искуство за наредните години. Меѓутоа се може да се случи затоа што играме против навистина добар тим“.

Исто така порача дека знае како е да се игра во Македонија на гостински терен, затоа и не ја смета неговата репрезентација за преголем фаворит во овој двомеч.

„Не е важно каде се игра првиот натпревар, играте два натпревари дома и гости и не мислам дека некој има предност ако игра прво дома или спротивно. Се играат 120 минути. Македонија има фантастични навивачите и атмосферата во салата ќе биде фантастична, знам ракометот е важен спорт во Македониај дека трибините ќе бидат полни“.

Според шпанскиот стратег натпреварот нема да биде решен вечерваа, но секако е важно да се дојде до колку што е можно подобар резултат.

„Не можам да кажам што би било клучно, може да биде се, одбраната, нападот, балансот…Се е важно“, зборува Сабате.

ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ СО САБАТЕ МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ