Филип Талески заминува од Балинген!

Македонскиот репрезентативец Филип Талески не е повеќе член на бундеслигашот Балинген.

Германскиот клуб денеска објави дека нема да биде продолжена соработката со левиот бек, кој помина само една сезона во дресот на Балинген.

„Би сакале да му се заблагодариме на Филип Талески за неговата посветеност во нашата екипа“, изјавија од Балинген.

Талески дојде во Балинген од Рајн Некар, но ниту овде не ја доби посакуваната улога во нападот.

Уште од лани летоска пред да замине во Балинген, за левиот бек се интересираа екипите на Минден и Штутгарт, па не е исклучен трансфер во некоја од овие две екипи.