Средниот бек на Вецлар и македонската репрезентација, Филип Миркуловски, нема да му биде на располагање на бундеслигашот во следниот период.
На натпреварот одигран во неделата против Лајпциг, Миркуловски го напушти теренот во првото полувреме откако го свитка глуждот и повеќе не се врати во игра.
На вчерашниот преглед било констатирано истегнување на лигаментите, но нема информации околу должината на паузата.
Сигурно ќе ги пропушти следните два меча од Бундес лигата, но клупските доктори треба да го имаат последните збор околу камбекот на терените.
Миркуловски би требало да биде важна алка од играта на Македонија на ЕП, па будно ќе ја следиме неговата состојба.