Претставници на четирите федерации на екипните спортови, ракомет, фудбал, кошарка и одбојка денеска имаа заеднички состанок на кој зборуваа за проблемите со кои се соочуваат поради вирусот Ковид 19.
Проблемите за кои сите се согласни се во толкувањето во однос на тестирањето и евентуалната потврда за присуство на вирусот кај спортистите кои имаат извршено тестирање, но и за начинот и постапката за евентуално одредување карантин или самоизолација за поединци односно група на спортисти.
Оттаму генералните секретари од Националните федерации се согласија дека чќе биде предложено формирање на стручно тело во рамки на државниот орган за спорт. Ова тело би имало обврска да комуницира, соочува и да ги решава предизциците и проблемите со кои се соочуваат федерациите и тимовите во успелови на пандемија со цел навремено да почнат сите првенства.
Инаку, федерациите на спортовите во сала истакнаа на состанокот дека нивната ситуација е далеку покомплексна отколку онаа на фудбалот каде се игра на отворено. Сепак, сите имат ист проблем со тестирањето на играчите и официјалните лица, како и патувањата надвор од државата на клупски и репрезентативни натпревари. Изразија и надеж дека државните институции ќе најдат начин да бидат логистика, па и финансиска поддршка во однос на почетокот на натпреварувањата и тестирањата на екипите.